X
 11.09.2025 Живот

ЕУ подготвува закон за заштита на децата: чет-апликациите ќе ги скенираат сите ваши пораки, линкови и фотографии

Европската Унија работи на закон познат како „Чет-контрол“, чија цел е да се справи со педофилијата на интернет. Ако предлогот се усвои на 14 октомври, апликации како „Вајбер“, „Сигнал“ и „Вацап“ ќе мора да ги скенираат сите пораки, линкови и фотографии на корисниците, дури и кога се заштитени.

Дел од земјите членки на ЕУ сметаат дека ова ќе ја зајакне заштитата на децата, додека други предупредуваат дека може значително да ја загрози приватноста на корисниците. Експертите сметаат дека увидот во комуникацијата би можел да помогне во идентификацијата на предаторите и спречување злоупотреби. Сепак, постои ризик од прекумерен надзор и злоупотреба на таквите мерки.

Франција и Италија поддржуваат построги мерки за заштита на децата, додека Белгија, Австрија и Холандија предупредуваат за закана на слободата на информирање.

Извор: Rts.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот