Муралот на уличниот уметник Бенкси на зграда на Кралскиот суд во Лондон беше отстранет веднаш по неговото појавување. Делото беше направено на надворешниот ѕид и прикажува судија со традиционална перика и црна мантија како удира демонстрант кој лежи наземи, а крвта му прска по плакатот.
Муралот повеќе пати беше прекриен и чуван со обезбедување, а Судската служба на Велика Британија потврди дека ќе биде отстранет бидејќи зградата е заштитено културно добро.
Бенкси го потврди авторството на неговиот инстаграм-профил, прикажувајќи го графитот пред да биде покриен. Некои го толкуваа како коментар на апсењето на стотици поддржувачи на групата „Палестинска акција“. Владата во јули ја прогласи групата за терористичка организација откако активистите оштетиле авиони на кралското воздухопловство.
- Судот го брише муралот на Бенкси исто како што го брише нашето право на протест - пишуваат од проектот „Гуд ла“.
Судската служба потврди дека е законски обврзана да го зачува карактерот на зградата поради нејзиниот заштитен статус. Графитите на Бенкси често ги критикуваат политиката, војната и капитализмот.
Извор:
Rts.rs
Фото:
Instagram