Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го продолжува уписниот процес за академската 2025/2026 година. Вториот уписен рок ќе се одржи на 15 и 16 септември, а сите заинтересирани кандидати имаат можност да аплицираат на една од современите студиски програми кои ги нуди УКЛО.
На веб-страницата на
Универзитетот, како и на веб-страниците на неговите единици и на официјалниот Фејсбук профил, веќе е објавен Дополнителниот конкурс за вториот
уписен рок.
Во првиот рок интерес покажаа 838 нови студенти, а според официјалниот Конкурс, остануваат слободни места и во државна квота и за вториот уписен рок. Следна шанса за запишување ќе биде на 24 септември, кога се одржува третиот уписен рок.
УКЛО ги охрабрува сите матуранти и заинтересирани кандидати да ја искористат оваа можност и да станат дел од универзитетската заедница која нуди квалитетна и современа настава, поддршка за студентите благодарение на меѓународната поврзаност преку членството во Алијансата
КОЛОРС.