X
 02.08.2020 Наша тема

Како да се избере соодветен факултет, маски на плажа – треба или не, што најитно треба да се смени во средното образование...

Воопшто не е едноставна одлуката да се избере соодветен факултет, што треба најитно да смени идниот министер за образование и наука, треба ли да се носат маски додека сме на плажа - ова се дел од темите што ги сработивме изминатата недела.

Билазора (фото: Јутјуб)

Во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќите биле од керпич, велат археолозите кои ги истражуваат старите граови во Македонија. Каде лежи престолнината на независната држава Пајонија, чии жители имале силна култура и оставиле значајни материјални остатоци на територијата на денешна Македонија? Убикацијата на Билазора кај светиниколското село Кнежје прв ја направил археологот и професор Иван Микулчиќ. Во текот на последните две децении на локалитетот беа спроведени археолошки истражувања кои дадоа многу интересни научни откритија.

Локалитетот го искупуваа археолози од Тексашката фондација за археолошки и историски истражувања, од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје во соработка со Народниот музеј од Свети Николе. Последните големи истражувања ги предводеше професорот Драги Митревски од Институтот за историја на уметност и археологија. Нашите археолози ги истражуваа слоевите од 5. и 4. век пред новата ера, времето во кое живеел Перикле.




Снежана Станкова


На македонското образование му требаат многу новини и вистински реформи. Но, кои се најитните? Кои приоритети треба да му бидат најважни на идниот министер за образование и наука во новата Влада која треба да се формира допрва?

Побаравме мислење од Снежана Станкова, која е професорка по македонски јазик и литература и 24 години работи во средното образование. Во последните 15 години предава во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, а претходно – во стручното „Здравко Цветковски“.

Таа ни издвои пет најитни работи на кои идниот министер за образование и наука би требало да се фокусира. 





Голем дел од граѓаните не се дисциплинирани и не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Плажите во земјава се преполни. Голем дел од граѓаните не се дисциплинирани и не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот – не оддржуваат дистанца и не носат заштита на носот и устата. Надлежните апелираат да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 за по празниците да не нѐ очекуваат нови кластери на заболени.

Објавениот протокол за работа на плажите во тек на пандемијата ги збуни граѓаните. Во него е наведено дека сите вработени лица и посетителите до влегување во вода задолжително треба да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата. Неговото толкување е различно.



Проф.д-р Владимир Каранаков и проф.д-р Трајче Стојанов


Често се случува, откако младиот човек ќе донесе една одлука, откако ќе се запише на факултетот што го избрал, по една година или еден семестар, да се премисли, па или да го остави, да се демотивира или да се запише, т.е. презапише на друг. Но, ништо не е страшно. На 18 години, „губењето“ еден семестар, па и една година, не е крај на светот. Впрочем, тоа и било дел од зреењето, така што дури и таа „погрешна“ одлука, не била погрешна, ами била во функција на зреењето. Така, младиот човек барем со сигурност знае што не сака – вели проф.д-р Трајче Стојанов, професор по етика и филозофија на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Темата како правилно да се избере факултет е евергрин, а мислења има повеќе. Овојпат консултиравме двајца професори да споделат од нивното искуство, што би ги советувале идните студенти.



Калина Сотироска-Иваноска


За време на средношколските денови добиваме увид во што сме добри, што ни оди, а што не. Некои уште од мали знаат што ќе студираат. Но, нивниот број е мал. А има и такви што до последен момент не знаат каков избор на факултет да направат. Еден важен совет е на еден лист хартија да ги запишете карактеристиките на личноста, своите интереси, вредности, како и преференциите кон природните или општествените науки и врз основа на тоа би се стеснил изборот за факултет, вели доцент д-р Калина Сотироска-Иваноска, која е и декан на Факултетот за општествени науки на Меѓународниот универзитет „Визион“ во Гостивар.

Со неа се обидуваме да им помогнеме на матурантите што се во недоумица каде да го продолжат своето образование, кој пат да го фатат. Како да се избере најсоодветниот факултет?

Будимир Апостолоски

Како што пред неколку стотици години резбите во дрво станале сведоци за вековниот македонски национален и културолошки идентитет, така копаничарството и во иднина ќе биде прозорец кон светот за Македонците со оглед дека многумина имаат желба да работат ваков вид изработка во дрво. Со ваков став го почнува разговорот најпознатиот тетовски копаничар Будимир Апостолски, кој триесетина години изработува резби во неговото ателје, кога го прашавме дали има заинтересирани да ја научат оваа уметничка вештина. Кај 69-годишниот тетовец, познат како Буде-Пишман, копаничарството го изучувале и возрасни, но и деца што подоцна станале уметници, занаетчии.

Апостолски триесетина години изработува резби во неговото ателје

- Се занимавам со копаничарство триесетина години и во моето ателје во Тетово постојано доаѓаат луѓе што сакаат да научат како да прават резби во дрво. Станува збор за луѓе од различни профили, без допирна точка со копаничарството, но со одредена дарба. Исто така, тоа се лица од различна возраст. Дел од нив продолжиле да изработуваат икони и резби, па и самите да учат други луѓе - вели тој.
Со појавата на коронавирусот, Апостолски повеќе време поминува сам во својата работилница и вели, дека сега има и повеќе време за својата најголема пасија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема