X
 11.11.2021 Култура

„Скопската градска општина“ - изложба за крајот на 19 век

Со 22 паноа и околу 300 документи и фотографии, утре во 12 часот, во Музејот на Град Скопје свечено ќе биде отворена изложбата „Скопска градска општина“, подготвена од д-р Јасмина Дамјановска, а која го претставува периодот од крајот на 19 век. Станува збор за период кога функционирала Скопската Турска Општина, потоа Градското поглаварство на Општината на град Скопје 1918 -1941г., Скопската Општина 1941 - 1944 г. и Скопската Општина преку градоначалниците од 1944 до денес, информираат од Државниот архив на Македонија.

Изложбата „Скопска градска општина“ е замислена како водич низ меморијата која е собрана на едно место - Државниот архив, наменета за дејствувањето на Скопската Општина, но и за трансформацијата што му се случувала на градот Скопје.

За изложбата ќе говори Татјана Сапунџиовска-Алексоска, раководител на Државниот архив – Одделение Скопје, а во рамките на овој настан ќе биде претставена уште една изложба на автори од Музејот на Град Скопје.
Државниот архив на овој начин се вклучува во одбележувањето на Денот на ослободување на градот Скопје, 13 Ноември, кој воедно е патронен празник на Државниот архив – Одделение Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура