X
 12.03.2020 Култура

Кадри од царска Москва реставрирани со нова технологија

Во мај 1896 година Чарлс Муасон и Френсис Дублие патувале во Москва како претставници на компанијата на браќата Лимиер, со себе носејќи најнова камера за снимање. Целта на нивното патување била да го снимат крунисувањето на царот Николај II Александрович, последниот император на Русија.

Крунисувањето било спектакуларен настан, иако подоцна останал во сенка поради други настани. Сепак, по крунисувањето имало церемонија со подароци, храна и пиење. Во градот пристигнале илјадници луѓе. На настанот имало и стампедо во кое загинале 1.389 луѓе. Вечерта царот присуствувал на бал, а следниот ден ги посетил ранетите во болница.

Овој дел од историјата поврзан со настанот не бил забележан од страна на Муасон и Дублие. Но, видеото што го снимиле сега може да се види со одличен квалитет благодарение на напредната технологија. Оригиналните кадри биле црно-бели, но во видеото била додадена боја, а биле подобрени и резолуцијата на сликата и острината на видеото.


Извор: openculture.com 

Фото: Youtube screenshot

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура