X
 12.05.2016 Образование

Совети од светски признаен психолог: Подобро е да се комуницира со добра книга отколку со празен човек

Михаил Литвак е лекар, психотерапевт и еден од најмногу признаените психолози на меѓународно ниво. Тој прв го развил системот на решавање на конфликти „Психолошко аикидо“ и прв започнал да го применува во пракса. Овие 20 совети од Литвак ќе ви помогнат во решавањето на многу животни ситуации.

1. Ако човек не може да каже ништо добро за себе, а сака да каже нешто, тој започнува да зборува лошо за другите.

2. Депресијата му е дадена на човекот за да размислува за себе.

3. Никој никого не отфрлува, само некој оди напред. Оној кој заостанал, смета дека е отфрлен.

4. Ако вие мислите добро за себе, зошто е потребно уште некој да мисли добро за вас?

5. Прави што сакаш и не барај дозвола. Нема да ја добиеш.

6. Способноста да се сака и добро да се поднесува осаменоста се показатели на духовна зрелост. Се` правиме најдобро кога сме осамени.

7. Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Поради тоа, незрелата личност критикува, а зрелата дејствува.

8. Јас не го знам патот до успехот. Но го знам патот до неуспехот - тоа е желбата да им се допаѓаме на сите.

9. Нема машка и женска логика, постои способност и неспособност да се мисли мудро.

10. Сакаш да дознаеш кој е твојот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него - останатите ќе избегаат.

11. Постигни успех - навредите ќе поминат.

12. Со пријателите е пријатно да се разговара, а со непријателите корисно.

13. Треба да се дели само радост со пријателите и непријателите. Пријателот ќе се израдува, а непријателот ќе се вознемири.

14. Не ја бркај среќата и ќе го најдеш местото каде што живее таа. И среќата сама ќе те најде. Може да ти го кажам местото каде што живее твојата среќа - во тебе самиот. А патот до неа е максималниот развој на сите твои способности.

15. Ако некому сакаш нешто да докажеш - значи дека живееш поради таа личност кому сакаш да се докажеш. Ако живееш за себе, нема потреба некому да докажуваш.

16. Подобро е да се комуницира со добра книга отколку со празен човек.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование