Се ближи крајот на Копа Америка, а Аргентина во финалето, на 14 јули, ќе се обиде да ја одбрани титулата против Колумбија. Но, аргентинската јавност деновиве не зборува за Меси и неговите колеги, туку за претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА), Клаудио Тапија.
Имено, Тапија од трибините го следеше полуфиналето против Канада, а јавноста остана згрозена кога виде дека тој си вработил човек чија единствена работа е да му ја брише потта од главата.
Тапија, кој од 2017 година е на чело на АФА, се најде на удар на критики бидејќи навивачите сметаат дека без никаква потреба го вработил човекот и го ставил на платната листа на Сојузот.
Аргентинците коментираат дека тој се однесува како да е од кралска фамилија.
Инаку, треба да се спомене дека во еден период од неговиот мандат благајник на АФА беше таткото на неговата сопруга, Хуго Мојано. Исто така, кога стана претседател на АФА, тој се откажа од позицијата претседател на второлигашкиот клуб „Баракас Сентрал“, а на таа позиција го наследи, на апсолутно ничие изненадување, неговиот син Матијас.
Извор:
Klix