X
 12.08.2018 Живот

Германски стил на CV - клучен за добивање работа во Германија

Добивањето работа во Германија знае да биде тешко ако сте странец. Меѓутоа, ако знаете што очекуваат германските работодавци од вашето CV, тоа може да биде суштинско за добивање работа.

Кога испраќате апликација во Германија, важен е изгледот на вашето CV. Ако вашите информации се онаму каде што германските работодавци очекуваат да бидат, тогаш би било многу полесно да се процесира на прв поглед.

„Навистина е важно да знаете што правите кога пишувате германско CV. Ќе биде фрлено доколку не го направите во стил на кој Германците се навикнати“, вели советникот за кариера Хајди Штор.

Првото нешто што треба да се напомене е дека „Lebenslauf“ е една или две страни со формални информации, кој изгледа и има различен стил и содржина од едно типично CV.

„Германското CV е хартија со факти. Мотивационото писмо е кратко писмо во кое покажувате зошто сте вистинскиот за работата. И двата текста се најдобри кога се придржувате до фактите, без егоистични изјави“, вели Герхард Винклер, соработник во онлајн списанието за кариери „Der Spiegel“.

Исто така, германското CV има две поставени колони на табелата. Морате да ја одделите табелата во шест реда под следните наслови на левата колона: лични податоци, професионално искуство, образование и обука, волонтерство, стипендии и компјутерски и јазични вештини.

На секој од овие наслови од левата страна треба да напишете точен датум - од кога до кога се одвивала активноста, обуката или работното место. Најдобро е активностите да ги ставите во обратен хронолошки ред, почнувајќи од најновите.

Колоната од десно е место каде што ги ставате вашите искуства. Под секоја работна позиција или образовна програма треба да ја опишете вашата улога во кратки реченици.

Според германските кариерни советници, Германците сметаат дека во CV-то на една личност не треба да се пишуваат личните квалитети, интереси и хобија, меѓутоа, треба да се вклучи членството во групи или организации, и сето ова да оди под волонтерска работа.

Постојат неколку неопходни лични детали што треба да се наоѓаат во вашето CV: фотографија, вашата брачна состојба и место на раѓање. Исто така, во мотивационото писмо добро би било да напишете за вашите компјутерски и јазични вештини во детали.

Што се однесува до фотографијата, таа треба да биде на горниот агол од десната страна и секогаш треба да биде во пасошки стил.

„Германските работодавци се навикнати да гледаат фотографија на CV-то на потенцијалниот работник, меѓутоа, тоа барање не смеат да го побараат во огласот за работа, затоа што е против законот за приватност“, вели Штор.

„Сепак, тие ќе ја бараат фотографијата, па добро би било да ја ставите. Фотографијата му овозможува на работодавецот да направи поинаков вид лична врска со некого и да ги поврзе вашите вештини со вашето лице кога ќе одите на интервју“, додава тој.

И на крај, треба да размислите кој јазик ќе го користите во вашето CV. Советниците велат дека доколку зборувате добро германски, тогаш тоа би ви помогнало многу.

Меѓутоа, доколку не знаете добро германски, тогаш избегнувајте да го преведувате - едноставно напишете го на англиски. Со тоа ќе се избегнат непријатните моменти ако одите на интервју и работодавецот одлучи да ги провери вашите јазични вештини.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот