X
 30.05.2025 Технологија

Дрон на германски стартап може да се крие под вода три месеци

Германскиот стартап за воена технологија „Хелсинг“ подготвува флота од подводни дронови кои треба да бидат подготвени за акција за околу една година. Подморницата без екипаж, „СГ-1 Фантом“, ќе може да патролира и да остане под вода до три месеци. Стотици дронови би можеле да бидат распоредени истовремено, под контрола на еден оператор, за следење на заканите и пренесување податоци во живо.

Заканите ќе бидат откриени под морето со софтверот „АИ Лура“, кој може да идентификува бродови и подморници врз основа на нивните подводни звучни шеми. Се вели дека работи 40 пати побрзо од човечките оператори и 10 пати потивко од другите модели. Но, може да биде подложно на електронски пречки.

„Хелсинг“ веќе има произведено системи за вештачка интелигенција и системи за воздушни беспилотни летала за европските војски. Се проценува дека компанијата вреди 5,4 милијарди долари.

Европските претставници ја обвинија Русија за серија прекини на подводните кабли во Балтикот. НАТО формира своја специјална единица за подобра одбрана на критичната подводна инфраструктура, а се развива и нова сателитска технологија за да можат податоците да се пренасочуваат во случај на масовни прекини. Европските војски, исто така, тестираат и распоредуваат поморски дронови.

Извор: mreza.bug.hr

Фото: Screenshot/helsing.ai/lura

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија