Германскиот стартап „Дипл“, познат по развојот на напредни модели на вештачка интелигенција за превод на јазици, објави дека ќе го распореди најновиот систем на „Нвидија“ кој му овозможува - барем теоретски - да го преведе целиот интернет за само 18 дена. Ова е огромно забрзување во споредба со претходните 194 дена, што беше потребни со претходната инфраструктура.
Станува збор за „ДГХ Супер ПОД“ систем кој содржи 36 суперчипови. Токму таквата високоперформансна инфраструктура се користи за обука и извршување на огромните јазични модели што ги развива „Дипл“.
Стартапот од Келн, вреден околу две милијарди долари, е рангиран меѓу компаниите што ги користат најнапредните платформи за хардвер на вештачка интелигенција, во потрага по следната генерација јазични алатки. „Дипл“ се позиционира како сериозна алтернатива на „Гугл транслејт“, со свои модели кои веќе се препознаени од многу корисници по нивната прецизност и квалитет.

- Целта е да им се даде на нашите истражувачи многу поголема компјутерска моќ за да можат да развиваат уште понапредни модели - изјавил главниот научник на стартапот, Стефан Мескен.
Извор: tportal.hr
Фото: Freepik