Овие уреди ги користиме сите, но малкумина знаат дека трошат струја дури и кога се исклучени.
Телевизор
Речиси сите го исклучуваме телевизорот кога не го користиме, но едноставното исклучување со копчето на далечинскиот управувач не го исклучува телевизорот од струја, туку го става во режим на спиење. Тоа значи дека струјата и понатаму поминува низ него и тој и тогаш троши електрична енергија.
Конзоли
На сличен начин како телевизорот, конзолите за видеоигри не се исклучуваат целосно кога ги исклучувате и трошат електрична енергија цело време. За тие да бидат целосно исклучени, треба да ја искористите опцијата „исклучи“ (shut down) наместо „мирување“ (standby).
Фрижидер/замрзнувач
Фрижидерот и замрзнувачот постојано се вклучени од очигледни причини, па не изненадува фактот дека околу 12 отсто од потрошувачката на струја во домаќинството се резервирани за нив. Иако не може да се исклучат, може да преземете чекори за тие да работат поефикасно кога не сте дома. Редовното чистење овозможува помалку трошење струја, а се препорачува и повремено топење на мразот.
Полначи
Полначите за телефони и други уреди не мора константно да бидат вклучени, иако сите го правиме тоа.
Електричен бокал за вода
Електричниот бокал за вода не троши премногу струја дури и кога работи, но нема потреба да остане вклучен во струја цел ден бидејќи и тогаш троши електрична енергија.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay