X
 12.11.2021 Живот

Сите со зеленило на фасадите и на покривите нема да плаќаат данок на имот во овој град

Деновиве градските власти во полскиот град Калиш најавиле мерка со која секој што ќе има зеленило на фасадата или на покривот ќе биде ослободен од данок на недвижен имот. Со тоа властите се надеваат дека ќе ги забават климатските промени и ќе му ги вратат „белите дробови“ на градот.

Иницијативата била предлог на градоначалникот Кристијан Кинастовски. Според неа, сите граѓани што ќе засадат или веќе имаат зелени површини на фасадите и на покривите ќе бидат ослободени од данок на имот.


Фото: Pixabay

Мерката стапува во сила од 1 јануари 2022 година, а и зградите што имаат вертикални градини би можеле да бидат ослободени од данок на имот.

- Зелените ѕидови и покриви се добар начин за подобрување на квалитетот на воздухот во градот и зголемување на квалитетот на животот. Зелените фасади стануваат природен филтер за загадувањето. Ја регулираат температурата во зградите, заштитуваат од топлина и ветрови, го впиваат вишокот влага и ја намалуваат вревата. Тие, исто така, ја подобруваат естетиката на нашиот град, едноставно претставуваат негова гордост. Воведувањето зеленило во урбаниот простор е еден од начините на кои градот се приспособува на климатските промени - изјавил градоначалникот Кинастовски.

Во градот живеат над 100.000 жители.

Извор: Green
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот