X
 12.12.2019 Образование

Трибина за семејно насилство во гимназијата „Орце Николов“

Завршниот настан, на кој ќе се прикажат дел од активностите и изработките на учениците, ќе се одржи на 17 декември во гимназијата „Орце Николов“, во 12:30 часот

Во текот на изминативе четири месеци во СУГС Гимназија „Орце Николов“ и уште 4 училишта од државата се реализира проектот „Развој и имплементација на кампања за подигнување на свеста, застапување и промени во однесувањето заради отстранување на штетните стереотипи кои водат до насилство врз жените“.

Поддржувачи на овој проект се Македонското здружение на млади правници во партнерство со Психотерапика од Скопје и EcHO од Штип како дел од програмата „Престанок на насилството врз жените – имплементирање на норми, промена на размислувањата“, поддржана од UN WOMEN.
Во рамките на проектот учениците и наставниците од училиштето креираа и спроведуваа работилници и развија свои идеи за кампањи за подигнување на свесноста кај учениците за ова значајно прашање.

Завршниот настан, на кој ќе се прикажат дел од активностите и изработките на учениците, ќе се одржи на 17 декември во гимназијата „Орце Николов“, во 12:30 часот. Во рамките на овој настан ќе има и трибина на тема „Искуства и практики за справување со семејното насилство“, на која ќе се презентираат постојните механизми и практики за справување кои постојат на институционално ниво. Ќе учествуваат претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, како и претставник од СОС-линијата за пријавување семејно насилство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование