X
 13.02.2020 Образование

Борјан Ефтимов е новиот студентски лидер

Со 26 гласа „за“ студентот на Правниот факултет Борјан Ефтимов е избран за нов претседател на студентите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје. Тој го победи Александар Ѓоргиевски, вториот кандидат, кој доби 15 гласа од членовите на Универзитетското студентско собрание. 

Гласањето се одвиваше попладнево на Ректорат и помина во добра атмосфера. Борјан Ефтимов е на мастер-студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Бил активист за подобри права на средношколците и на студентите, а членувал и во повеќе студентски организации.
Мандатот на Ефтимов изнесува една година.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование