X
 13.03.2021 Здравје

Овој човек има суперантитела што го прават имун на Ковид-19

Џон Холис не бил свесен дека е заразен со Ковид-19. Но подоцна открил дека е еден од ретките што имаат суперантитела. Неговите антитела се толку добри во убивањето на вирусот, што практично го прават имун на болеста Ковид-19.

Тој бил заразен во март, но не бил свесен за тоа, а дознал дека бил заразен и дека има суперантитела во јули,  открива Холис за Би-би-си. Тој открил дека имал суперантитела откако му споменал на доктор од Универзитетот „Џорџ Мејсон“ дека не се заразил со болеста иако неговиот цимер имал Ковид-19 во април.


Антителата на Холис се разликуваат од оние кај другите поранешни пациенти по тоа што напаѓаат повеќе делови од вирусот наместо само врвовите на вирусот. Неговите антитела се толку добри во убивањето на коронавирусот, што го прават имун и на новите соеви. Научниците се надеваат дека суперантителата може да им помогнат да прават добри вакцини и третман за Ковид-19.


Извор: bbc.com

Фото: Принтскрин/bbc

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје