X
 13.06.2019 Култура

Книга од пред 70 години предвиде многу настани што се случуваат денес

Култниот роман на Џорџ Орвел - „1984“ го прослави 70. роденден, а оваа приказна за дистопиското општество стана референција за сите што сакаат да укажат на проблемите во модерното општество, во кое сè се следи, а слободата на говорот е ограничена.

Романот застрашувачки прецизно предвидел многу проблеми на денешното општество.

1984: Државата одлучува за тоа што е прифатлив начин на комуникација, за да одржува ред.

2019: Мал број приватни компании во Силициумската долина имаат апсолутна моќ над она што смееме да го видиме и кажеме во онлајн-комуникацијата.

1984: Повеќето граѓани им припаѓаат на мал број држави.

2019: Постојат само неколку големи компании во чие сопствеништво се наоѓаат социјалните мрежи кои ги користат сите „жители“ на интернетот.

1984: Државата води надзор и ограничување на слободата на говорот.

2019: Големите компании вработуваат војска на модератори кои со помош на алгоритмите ги надгледуваат корисниците, ги означуваат оние што ги кршат правилата и ги бришат нивните изјави. Оние што често ги кршат правилата едноставно исчезнуваат од социјалните мрежи, а за сето тоа одлучуваат истите тие компании чии одлуки не се доведуваат во прашање, а корисниците немаат право да се жалат.

1984: Извршителите на тешки „мисловни злосторства“ или оние што имаат историја на извршување мисловни злосторства се прогонети и им се брише секаква трага.

2019: Компаниите во чија сопственост се социјалните мрежи можат во секој момент да избришат кого било од која било причина.

1984: Владата постојано ја пишува и ја брише историјата што не ѝ е по волја.

2019: Владите ги поправаат соопштенијата за печатот за да ги избришат грешките од минатото или дополнително да додадат изјави што ќе ги потврдат подоцнежните тврдења (ова го правела администрацијата на Џорџ Буш). Во ЕУ, пак, постои „право на заборав“, што на обичните граѓани им дава можност да го избришат своето минато и „повторно да се родат“, без товарот од претходните грешки.

1984: Сеприсутните „теле-екрани“ функционираат како преносители на информации, но и како систем за надзор. Сè се следи, сè е под надзор, зад сè стои владата.

2019: Паметните телефони функционираат на ист начин. Тие се нашиот поглед во светот, но истовремено и систем за собирање информации со кои тргуваат големите компании. А работите од ден на ден стануваат сè полоши бидејќи сите уреди во нашите домови сè почесто имаат пристап до интернет, што на компаниите им овозможуваат уште поквалитетен надзор и собирање  податоци.

1984: Државата користи системи за надзор за да одржува ред.

2019: Приватните компании се толку разгранети, што е тешко да се држат под контрола, а тие нè набљудуваат, следат и манипулираат.

1984: Владите користат системи за надзор за секој граѓанин суптилно да го наведат на посакуваното однесување.

2019: Приватните компании го прават истото. Врз основа на собраните податоци ги манипулираат корисниците за да ги наведат на однесување што лесно се претвора во пари.

1984: Владите финансираат производство на опрема и обувки за човештвото за да имаат надзор над граѓаните.

2019: Јавноста сама го финансира системот за надзор преку купување уреди, нивно одржување и плаќање сервиси за да ги одржат споени на системот што ги следи и тргува со нивните лични податоци.

1984: Крајната функција на масовниот надзор е да ја одржува и да ја зајакне моќта на државата.

2019: Крајната функција на масовниот онлајн-надзор е да ја одржува и да ја зајакне моќта на големите компании.

Како што можеме да видиме, постојат многу сличности, а очигледната разлика е во намерата. Додека Орвел пишувал за држава и настојувањето низ комплексен систем на надзор да се зајакне моќта над цивилите, во денешно време тоа се компаниите што користат исти системи за финансиски придобивки.

Како и да е, време е повторно да ја прочитате „1984“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура