X
 13.07.2018 Технологија

На интернет се шири нов вирус, а на мета е и „Хром“ - што да преземете?

Најновото ажурирање на веб-пребарувачот „Гугл Хром“ повторно содржи ранлива точка наречена „Download Bomb“. Верзијата 67 ја поништи поправката на истиот проблем што ја донесе верзијата 65 во март 2018 година. Но што значи тоа и што можете да преземете?

1. Што претставува „Download Bomb“?


Станува збор за прилично лош трик што предизвикува вашиот веб-пребарувач истовремено да иницира стотици преземања и на крајот да се замрзне. Претходно се употребувало блокирање на страниците така што хакерите би ги презеле, а потоа од жртвата изнудувале пари. На страницата на жртвата се појавувал само телефонски број на кој морала да се јави за да ја отклучи страницата.

закана
Фото: Profimedia


2. Зошто ова е проблем?

„Малвербајтс“ кон крајот на 2017 година ја откри оваа грешка, по што следуваше поправка на верзијата 65.0.3325.70. Поправката применета во верзијата 65 е отстранета во верзијата 67, што значи дека ажурираните веб-пребарувачи повторно се изложени.

3. Кои веб-пребарувачи се изложени на закана?


На нападот се изложени и други пребарувачи, не само „Хром“. „Мозила Фајрфокс“, „Вивалди, „Опера“ и „Брејв“ исто така можат да станат мета, барем според тестовите спроведени од „Блипинг компјутер“.

4. Како можете да го заштитите вашиот компјутер од „Download Bomb“?


Постојат неколку начини на кои можете да го направите тоа, а првиот и наједноставниот е блокирање на огласите. „Мелвербајтс“ тврди дека повеќето вакви бомби се дистрибуирани преку заразени реклами. Употребата на апликација за блокирање може да помогне во спречувањето на таквите напади. Можете бесплатно да преземете „AdBlock“ од продавницата за апликации на „Хром“.

5. За да не станете жртва, користете „Мајкрософт Еџ“


„Блипинг компјутер“ смета дека пребарувачот „Еџ“ не е погоден со бомбата.

6. Брзо реагирајте


Ако веќе сте погодени со „бомба“, тогаш на оперативниот систем „Виндоус“ притиснете Ctrl+Alt+Del и изберете јa опцијата „Task Manager“. Искористете ја опцијата за присилно да се откажете од кој било процес на веб-пребарувачот.

7. Вратете го „Хром“ на старата верзија

Иако не е препорачливо, бидејќи новата верзија носи поправки на многу други недостатоци, можете да го вратите „Хром“ на старата верзија. Избришете ја моменталната верзија и повторно инсталирајте некоја постара, помеѓу 65.0.3325.70 и 67.0.3396.8.

8. Инсталирајте антивирусна програма


Последниот и најефективен чекор е да инсталирате некоја антивирусна програма. Оваа закана е најнова, но не и последна. Затоа секогаш треба да имате пристоен антивирус инсталиран на вашиот компјутер. Постојано ажурирајте го и редовно скенирајте го компјутерот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија