X
 13.08.2025 Наука

Научник од Харвард предупредува: Меѓуѕвезден објект што се движи кон Земјата може да нѐ спаси или да нѐ уништи

Харвардскиот астроном Ави Лоеб сугерира дека меѓуѕвездениот објект што се приближува кон нашиот Сончев Систем можеби нема природно потекло. Објектот наречен „3И/АТЛАС“, откриен од телескопот „Дип Рандом Срвеј“ во Чиле, е третиот меѓуѕвезден објект што некогаш е откриен во нашата космичка средина. Лоеб истакнал дека неговата големина и сјај ја доведуваат во прашање можноста дека е формиран природно.

-Има околу 20 километри во дијаметар и нема доволно карпест материјал во меѓуѕвездениот простор за таква маса да се појавува на секои неколку децении. Потребни се околу 10.000 години за таков објект да стигне до внатрешните делови на Сончевиот Систем – потенцирал Лоеб.

Тој додал и дека „3И/АТЛАС“ ќе се приближи до Земјата кога ќе бидеме на другата страна од Сонцето, што значи дека нема да можеме директно да го набљудуваме.

-Ова е совршен момент за него евентуално да маневрира. Мораме да го следиме – додал Лоеб.

Лоеб нагласува дека не тврди оти станува збор за вонземска технологија, но истакнува дека објектот има необични карактеристики. На сликите од Хабл светлечкиот ореол е пред него, а не зад него, што не е случај со кометите.

-Никогаш не сме виделе нешто слично - тврди тој.

Тој верува дека човештвото треба внимателно да ги анализира сите меѓуѕвездени објекти што влегуваат во нашиот систем, за да се осигура дека не се опасни.

-„3И/АТЛАС“ може да нè спаси или да нè уништи. Мора да бидеме подготвени за обете опции – вели тој.

Објектот е масивен, со дијаметар од околу 20 километри и е потврдено дека потекнува надвор од нашиот систем. Лоеб и претходно изнесе слични теории: Во 2017 година, тој го проучуваше „Оумуамуа“, првиот откриен меѓуѕвезден објект, и посочи дека може да користи „лесно едро“ за погон.

Иако подоцнежна студија од 2023 година го објасни неговото движење со природни процеси на ослободување на водород од мраз, Лоеб тврди дека необичните космички посетители заслужуваат понатамошно внимание.

Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука