X
 18.05.2019 Наука

Пластиката ја убива бактеријата што создава 10 отсто од кислородот на Земјата

Сите сме ги виделе оние трогателни фотографии од животни заробени во пластичен отпад. Но, новите истражувања покажуваат дека загадувањето со пластика го повредува морскиот живот на многу поделикатен начин, кој може да има страшни последици за целиот светски екосистем.

Имено, една фотосинтетичка морска бактерија наречена Prochlorococcus генерира 10 отсто од кислородот што го дишеме, но според истражување објавено неодамна, хемикалиите кои истекуваат во водата од пластичниот отпад го забавуваат растот на бактеријата на генетичко ниво и потенцијално ја лишуваат Земјата од скапоцен извор на воздух за дишење.

Оваа бактерија служи како основен слој на морската мрежа на храна, вели биологот Саша Тету од австралискиот универзитет „Маквори“, кој го предводел истражувањето.

- Ако навистина сакаме да го разбереме влијанието на загадувањето со пластика во морињата и да пронајдеме начини за негово намалување, мораме да го разгледаме неговото влијание врз клучни микробни групи, вклучувајќи ги и фотосинтетичките микроби - истакна таа.

Ова истражување било направено во лабораторија, но Лиса Мур, друг научник вклучен во проектот, вели дека загадувањето би можело да предизвика глобален пад на популацијата на бактеријата во следните децении.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука