X
 13.10.2018 Култура

Холограмот на Ејми Вајнхаус ќе ја започне турнејата во 2019 година

Пејачката Ејми Вајнхаус ќе се врати на турнеја во 2019 година, 8 години откако почина на 27-годишна возраст, благодарение на технлогијата.

„Бејз Холограм“, компанијата зад претстојната холограмска турнеја на Рој Орбисон и Били Холивуд, моментално работи на турнејата на Ејми Вајнахус.

Вајнхаус е уште една од починатите ѕвезди што ќе добие холограм. Во 2012 година, Тупак настапи со Д-р Дре и Снуп Дог. Холограмот всушност не беше холограм, туку ажурирање на стар трик во кој се користат огледала.  



И Абба треба да добие холограм во претстојната турнеја наречена „АББА Аватар“ што треба да се случи во 2019 година.

Вреди да се спомене дека кон крајот на нејзиниот живот, Вајнхаус прекумерно консумирала алкохол, така што нејзините настапи станаа хаотични. Таа стана популарна тема за шеги во САД и во нејзината родна Британија, поради што ја зголеми употребата, што на крај доведе до смрт на само 27 години.

Начинот на кој умре таа е доста деликатна тема, особено меѓу нејзините обожаватели, односно заштитувањето на нејзиното наследство. Вајнхаус беше еден од најпознатите призматични изведувачи и од таа гледна точка, идејата за заробување на нејзината личност изгледа ограничувачка од самиот почеток.

Додека останува да се види точно каква ќе биде изведбата, нејзините обожаватели и не се баш среќни за сите. Сепак, нејзиниот татко го поддржува настанот.

1
Фото: Twitter


-Музиката на нашата ќерка го допре животот на милион луѓе, така што нејзиното наследство ќе продолжи на овој иновативен начин.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура