X
 13.10.2020 Забава

Oваа веб-страница ќе ви помогне да изберете филм

Филмските критичари се фантастични во идентификување влијанија и влечење паралели помеѓу филмовите. Веб-страницата „Цинетрии“ го опфаќа целото знаење за филмот за да ви помогне да го најдете следниот омилен филм.

Во основа, внесувате име на филм во кој сте уживале и веб-страницата ќе ви покаже графикон со препораки за други филмови. Кликнете на еден и ќе видите цитат од критичар (или критичари) што го споменал филмот. На овој начин добивате листа со препораки базирани на различни аспекти од филмот, па самите ќе одлучите дали сакате да видите нешто повеќе.

Ако, на пример, сте воодушевени од специјалните ефекти во „Почеток“ на Кристофер Нолан, можеби ќе ви се допадне „Доктор Стрејнџ“; според „Варајети“, изобилува со зачудувачка иновација во визуелните ефекти.

Филмовите што се појавуваат над вашето пребарување биле објавени пред филмот што сте го пребарале, додека филмовите подолу излегле по него. Колку е пократка линијата, толку поблиску се поврзани филмовите, пресметано според алгоритамот на веб-страницата. Алгоритамот не дава некој посебен третман на големите холивудски блокбастери, па затоа е одличен начин да се најдат скриените добри филмови.

ТУКА можете да ја погледнете веб-страницата.

film
Фото: Screenshot

Извор: Mentalfloss.com
Фото: Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава