X
 09.07.2017 Култура

Најдобрите филмски остварувања што останаа без „Оскар“

Во низата познати ремек-дела што се закитиле со најголемата филмска награда „Оскар“, недостигаат многу познати наслови.

Филмовите кои се наоѓаат на многу списоци за најдобри остварувања во историјата на кинематографијата, од некаква причина не добиле признание од Американската филмска академија.

Ви ги претставуваме најголемите неправди во историјата на наградата „Оскар“:

Brokeback Mountain (2005)

Потресниот филм на Анг Ли за врската помеѓу Енис и Џек беше номиниран за „Оскар“ во 2006, но таа година наградата за најдобар филм му припадна на Пол Хегис за Crash.



Citizen Kane (1941)


Многумина веруваат дека овој филм, еден од највлијателните американски филмови во историјата на кинематографијата е награден со „Оскар“. Меѓутоа, ова остварување е наградено само за најдобро сценарио, но не и за најдобар филм. Филмот што таа година го доби „Оскарот“ е How Green Was My Valley.




The Color Purple (1985)

Филмот на Стивен Спилберг снимен според романот на Елис Вокер, награден со Пулицеровата награда, според многумина беше најдобриот филм снимен во таа година, но „Оскарот“ сепак го однесе филмот Out of  Africa.





Fargo (1996)

Иако и натаму се смета за една од најдобрите криминалистички драми, ја имаше (не)среќата да се појави во истата година и да се натпреварува со вонредното остварување што го доби и „Оскарот“ за најдобар филм во 1997, The English Patient.





High Noon (1952)

Еден од најдобрите вестерн-филмови на сите времиња за влакно го изгуби „Оскарот“ за најдобар филм во 1953, во конкуренција со The Greatest Show On Earth.





It’s a Wonderful Life (1946)

Култниот филм на Френк Капра во 1947 година бил номиниран за 6 награди, но не освоил ниту една. Таа година „Оскарот“ за најдобар филм го доби остварувањето The Best Years of Our Lives.





Network (1976)

Оскарот во 1977 за најдобар филм го освои Rocky, иако конкуренцијата беше многу силна, па без награда освен Network остана и филмот Taxi Driver.





Raging Bull (1980)

Боксерското ремек-дело на Мартин Скорсезе за деструктивната ѕвезда Џејк Ламота, во трката за „Оскарот“ во 1981 беше надминато од режисерскиот првенец на Роберт Редфорд – Ordinary People.





The Right Stuff (1983)

Драмата за првите астронаути во „Проектот Меркур“ го изгуби „Оскарот“ за најдобар филм во 1984 од одличното остварување – Terms of Endearment.





Saving Private Ryan (1998)

Според мислењето на многумина, ова е најголемата неправда во историјата на „Оскарите.“ Во 1999 година „Оскарот“ за најдобар филм го доби Shakespeare in Love.




The Shawshank Redemption (1994)

И за овој филм нашироко се верува дека е закитен со „Оскар“ како најдобро филмско остварување. Сепак, исто како и филмовите Pulp Fiction, Quiz Show и Four Weddings and a Funeral, ја изгубија оскаровска трка во 1995 од филмот Forrest Gump.





A Streetcar Named Desire (1951)


Адаптацијата на делото од Тенеси Вилијамс, наградено со Пулицерова награда, во екранизираната форма не го освои највисокото признание и покрај извонредната глума на Марлон Брандо. „Оскарот“ за најдобар филм во 1952 го освои An American in Paris.





Sunset Boulevard (1950)

Култниот филм го изгуби „Оскарот“ во 1951 од помалку познатиот филм All About Eve.





The Ten Commandments (1956)

Драматизацијата на библиската приказна на Сесил де Мил е едно од најголемите кинематографски остварувања во историјата на филмската уметност. Сепак, „Оскарот“ за најдобар филм во 1957 го освои Around The World In 80 Days.





To Kill a Mockingbird (1962)

Не е страшно што оваа екранизација на делото од Харпер Ли ја изгуби оскаровската трка во 1963 од Lawrence of Arabia, туку вистинска штета е што овој филм не излезе барем една година подоцна. Како утеха стои фактот дека Грегори Пек го освои „Оскарот“ за најдобар актер, а филмот доби награди и за најдобра режија и најдобро сценарио.





The Wizard of Oz (1939)

Овој филм, кој и денес го сакаат и децата и возрасните, не го доби „Оскарот“ во 1940, кој му припадна на филмот Gone With The Wind. Сепак, песната Somewhere Over The Rainbow го доби „Оскарот“ за најдобра песна.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура