X
 13.10.2023 Политика

Факти за Газа - речиси половина од населението се деца, има една електрана...

Неодамнешните напади на групата Хамас врз Израел и последователните битки и напади на Појасот Газа го привлекоа вниманието на целиот свет. Во вестите се зборува за жртвите и штетата, но основните факти за Газа добиваат слабо внимание. Инфографикон на „Вижуал капиталис“ има цел да ги пополни овие празнини.

Меѓу другото, во него може да се видат факти за стапката на наталитет на Газа, каде што речиси половина од жителите се деца. Освен тоа, треба да се знае дека поголемиот дел од жителите во Газа официјално се сметаат за бегалци од страна на Обединетите нации. Појасот Газа е блокиран од страна на Израел од 2007 година, кога Хамас ја презеде контролата врз регионот.

Газа има две граници, една со Египет и една со Израел. Воздушниот простор е контролиран од Израел, а ограничен е и електромагнетниот простор, што значи дека многу Палестинци користат само 2Г и 3Г-интернет.

Годините исполнети со конфликти може да се видат и во лошата инфраструктура. Регионот има само една електрана на дизел и се соочува со дефицит на електрична енергија.


Фото: Visual Capitalist

Поголема верзија од инфографиконот може да најдете овде.

Извор: Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика