X
 14.02.2020 Култура

Биби ќе им подари многу насмевки на децата што се борат со канцер утре во Градски парк

Најдобрата пријателка на децата, Биби утре во 11 часот ќе се дружи со дечињата и нивните родители во чест на меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер, на забава во Градскиот парк кај Школка. Биби ќе се дружи со дечињата, ќе ги пее нејзините омилени песнички и ќе им подари многу љубов и насмевки.
„Да трчаме и скокаме за децата што се борат со канцер“ е мотото на настанот што го организираат Клиниката за детски болести и Невладината организација „САНО“ од Скопје.



Трката е од отворен тип. Малите херои од хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести ќе ги поздрави и министерот за здравство Венко Филипче.
Во организација на настанот се вклучуваат и ученици од интернацоналното училиште „Нова“ и гимназијата „Орце Николов“, кои и досега волонтираат и им помагаат на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести.
За децата во болница ќе настапат нивните пријатели: DJ Shime, Бени Шаќири и НОН СТОП, актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска-Ели Раста Грл.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура