X
 14.02.2023 Култура

Одлични турски серии што можете да ги гледате на „Нетфликс“

Турските серии стануваат сè попопуларни низ светот. Тие неодамна станаа многу популарни во Шпанија. Успехот на турската продукција може да се забележи и на „Нетфликс“. Во продолжение се некои турски наслови што може да се следат на оваа платформа.

„Љубов 101“ (Love 101)

Група маргинализирани тинејџери наоѓаат цел за која ќе се борат кога ќе се обидат да му помогнат на професор да пронајде љубов.


„Заштитник“ (The Protector)

Човек одлучува да тргне во потрага при што ќе мора да се бори против злото додека се обидува да открие мрачна тајна која го прогонува.


„Фатма“ (Fatma)

Станува збор за приказна за една хигиеничарка која открива дека има вроден талент на убиец.


„50 квадратни метри“ (50 м2)

Група пријатели кријат многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед. Низ серијата се гледаат настани кои ги обележуваат нивните животи и одлуките што ги носат, а кои може да доведат до конфликти.


„Големото Отоманско Царство“ (Rise of Empires: Ottoman)

Оваа серија ја раскажува приказната за тоа како османскиот султан Мехмед II тргнал во мисија да го презема главниот град на Византија, Константинопол.


„Клуб Истанбул“ (The club)

Оваа приказна на некој начин им оддава почест на најдобрите турски сапуници. Таа се одвива во 50-тите години од минатиот век. Мајка која работи во ноќен клуб се грижи за бунтовната ќерка.


Извор: El output
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура