САД се дом на најголемиот број милијардери, центимилионери и милионери во светот, а распределбата на богатството со децении е тема на дебата.
Во оваа визуализација е прикажано како уделот на вкупното нето-богатство во САД што го поседуваат 1 процент од најбогатите се менувал од 1989 до 2024 година, користејќи податоци од платформата „Федерал рисерв економик дата“.
Сè поголема концентрација на богатството кај најбогатите
Во изминативе 35 години 1 процент од најбогатите Американците значително го зголемиле својот удел во вкупното богатство на земјата:
Во 1989 година, најбогатите поседувале 22,8 отсто од вкупното богатство во САД. До 2024 година овој удел пораснал на 30,8 отсто. Иако последната деценија оваа бројка се движи околу 30 отсто, генералниот тренд покажува дека богатството сè повеќе се концентрира кај најбогатите.

Фото: Visual Capitalist
Ако се разгледаат подетално бројките, се гледа дека најбогатите 0,1 отсто од популацијата (ултрабогатите) поседуваат 13,8 отсто од вкупното богатство, додека преостанатите 0,9 отсто држат 17 отсто.
Во апсолутни вредности, најбогатите во 2024 година контролираа 49,2 билиони долари.
Сè поголем јаз во распределбата на богатството
Додека 1 процент од најбогатите го зголемуваат својот удел, најсиромашната половина од населението губи сè повеќе од својот удел во вкупното богатство.

Фото: Visual Capitalist
Во 1989 година најсиромашните 50 отсто поседувале 3,5% од вкупното богатство во земјата. Денес, нивниот удел се намалил на само 2,8 отсто, што ја нагласува растечката нееднаквост.
Овој тренд го потврдува и индексот на нееднаквост „Гини“ (GINI Index), кој мери колку распределбата на богатството отстапува од совршена еднаквост (колку е повисока вредноста, толку е поголема нееднаквоста).
Во периодот од 1979 до 2022 година Гини-коефициентот на САД пораснал од 34,8 на 41,3, што покажува дека финансискиот јаз меѓу богатите и сиромашните постојано се продлабочува.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist