X
 14.07.2020 Здравје

Матичните лекари порачаа: Доста е!

Повеќе матични лекари денеска прекинаа со работа половина час и излегоа пред своите ординации во знак на револт поради игнорантскиот однос на државата кон нив откако почна пандемијата на Ковид-19.

Лекарите постираат фотографии од протестот на социјалните мрежи, под хаштаг #ДостаЕ#MjaftMë.

Докторите претходно најавија дека нема да даваат изјави и дека со маските што сами си ги купуваат за себе и за персоналот симболично, преку молк, ќе пратат порака дека не треба да бидат невидливи.




Тие бараат од здравствените власти во Македонија ангажирање на млад кадар во справувањето со епидемијата, но и помош во заштитна опрема. Ова се нивните барања:

- Итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и сл.

- Бараме право да упатуваме пациенти на тестирање по наша процена како лекари, а не алгоритам.

- Бараме да има член-претставник од матичните лекари во Комисија за заразни болести.

- Стопирање на какви било „реформи“, најавени од први јули, невиден преседан среде пандемија.

- Итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје