X
 14.09.2023 Култура

Документарна серија на „Нетфликс“ оценета како највозбудлива досега

Новообјавената серија на „Нетфликс“ наречена „Спај опс“ (Spy Ops) гледачите сметаат дека е најдобра документарна серија досега.

Серијата стана достапна за гледање на 8 септември, а веќе наиде на одлични критики од фасцинираните гледачи низ светот.

„Спај опс“ се нурнува во светот на геополитиката, со разузнавачки оперативци од МИ6 и ЦИА кои ги споделуваат своите лични извештаи за шпиони, кампањи од Студената војна и државни удари извршени од тајни агенти.

Во серијата, која е составена од осум дела, епизодите се фокусираат на политички контроверзни настани, како што е операцијата „Џобрејкер“, во која американските трупи одат во Авганистан со цел да ги соборат талибанците, 15 дена по 11 септември 2001 година.

Другите епизоди го следат смелиот обид на МИ6 да извлече советски двоен агент од Москва, како и сведочењето од човек кој планирал и се обидел да ја убие највисоката личност на католицизмот, папата Јован Павле Втори.

 

Извор: Daily Mail
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура