X
 14.10.2021 Култура

Излезе трејлерот за новиот филм „Сам дома“

Трејлерот за новиот филм „Сам дома“ излезе неделава. Филмот на „Дизни+“, кој е наречен Home Sweet Home Alone, го прикажува момчето Макс, кое го игра Арчи Јејтс, кој го брани домот кога ќе остане сам. Во трејлерот Макс користи алатки за да се одбрани од брачен пар кој влегува во неговиот дом.

Во филмот може да го видиме Дејвин Ретреј, кој во оригиналниот „Сам дома“ го игра братот на Кевин, Баз Мекалистер. Ретреј ја игра улогата на полициски службеник во новиот римејк.

Филмот ќе излезе на „Дизни+“ на 12 ноември.



Извор: Huffpost
Фото: Twitter (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура