X
 14.11.2023 Живот

На астронаутите им испадна торба со алати во вселената, а може да се види од Земјата

Секој што работел доживеал да му испадне чекан, шрафцигер или да ја испушти торбата со алати додека поправа низ домот.

Но, кога поправате нешто во вселената, тоа значи дека треба да се збогувате со алатот.

- Месечина, Марс, Сатурн, торба со алати, Јупитер. Што е тоа? - е веројатно реакцијата на астрономите кога во иднина ќе го погледнат ноќното небо и ќе видат чудна торба што кружи околу Земјата.

Причината се Јасмин Могбели и Морал О'Хара, кои на 1 ноември излегле од Меѓународната вселенска станица со цел да направат поправки, но им испаднала торба со алати.

Тие го поправале механизмот што им овозможува на соларните панели да ја следат положбата на Сонцето и да се свртат кон него.

- При поправка, изгубена е торба со алати. Торбата беше забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи беше оценето дека не претставува ризик за станицата, веројатно ќе остане да лебди во вселената и да ротира околу Земјата заедно со станицата - наведуваат од НАСА.

Торбата е изненадувачки светкава, па набљудувачите би можеле да ја забележат со двоглед.

За да ја забележат торбата, набљудувачите треба да ја пронајдат Меѓународната вселенска станица, третиот најсветол објект на ноќното небо. Торбата ќе се движи две до четири минути пред станицата.

Извор: rts.rs
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот