X
 09.01.2015 Култура

Премиера на документарниот филм за Мајка Тереза

Во понеделник 12 јануари во 17.45 на МТВ 1 премиерно ќе се емитува првиот од четирите дела на документарниот филм посветен на Мајка Тереза со наслов “Тереза и Јас” во режија на Теона С. Митевска. Документарниот филм е направен во копродукција со Македонската национална телевизија, и е составен од 4 дела кои ќе бидат прикажани ден по ден од понеделник до четврток во истиот термин.

 

Сестри и Брат Митевски беше една од навистина ретките продуцентски куќи кои за потребите на ова снимање добија посебна дозвола од Сестра Према наследничката управител на редот на Мајка Тереза и ни беа отворени вратите на нивниот ред, живеалиштата, приемните центри и домовите. Од редот воспоставен од Мајка Тереза, Сестри на Милoсрдието, екслузивно за овој документарен филм, добиени се интервјуа со најстарите членови на редот, сестри кои биле првите кои застанале зад идејата на Мајка Тереза и и се посветиле на борбата против бедата и мизеријата. Ексклузивни се и снимките од голем број на домови и прифатилишта каде досега никогаш не било дозволено да се снима како првиот основан дом Калигат, Домот на Смртта како што го нарекла Мајка Тереза.

Документарниот филм зборува за животот на Мајката Тереза, со извонредни и пред се крајно искрени интервјуа кои ја откриваат ова неверојатна жена која доаѓа од Македонија и го објаснуваат нејзиното дело и оставштина. Филмот зборува за нејзината посветеност, за нејзините дилеми, за нејзината упорнот, за нејзината енергичност, за нејзината неверојатна храброст. Материјалот содржи и критички гласови и објективен пристап кон грандиозното животно дело на оваа жена со неверојатна енергија и посветеност и ни овозможува да ги согледаме значењето и влијанието кое таа сеуште го има.

Документарниот филм е сниман во Индија, во Калкута и во Дарџелинг, во Ватикан и во Македонија. Директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сен Мартен, (Индија и Македонија) Антоан Белан (Ватикан) и Дејан Димевски (Македонија). Оргинална музика е на Владимир Каевски, а користени се и траки од Мизар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура