X
 10.01.2015 Образование

Професорите ќе штрајкуваат!

Рокот  за одговор измина на 31 декември 2014 година.

СОНК не доби одговор од Mинистерството за образование и наука на барањето за минимална плата, за казните за наставниците и за другите покренати прашања уште во септември.



Од 1 до 18 јануари кога е период на зимски распуст на учениците, уште во првата недела Советот на СОНК ќе има седница на која детално ќе разговара по однос на резултатите од преговорите и ќе донесе одлука. Нашиот став е многу јасен доколку до 31 декември СОНК по пат на преговори не дојде до задоволителни резултати тогаш ќе се активира одлуката за штрајк, која е ставена во мирување – истакна неодамна претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

СОНК има поддршка и од Европската конфедерација на синдикатите за образование.

Штрајкот на професорите доаѓа во време кога се носат пет нови закони од образованието кои ги засегаат и професорите. Владата ги повикала да ги ислушаат предлозите, но не побарала став од СОНК.  Синдикатот очекува во наредниот период да се зголемат  притисоците со цел да се отказат од намерата да протестираат. Велат дека овојпат нема да попуштат и ќе одат до крај во исполнувањето на нивните барања. За најавениот штрајк добиле подршка и од меѓународните синдикални организации.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование