X
 24.01.2015 Култура

Колку зборови изговорил Мистер Бин за 25 години?

По повод означување 25-годишнината од прикажувањето на првата епизода од серијата која нам ни е добро позната, Роуан Аткинсон ќе се појави повторно во препознатливата улога.


Имено, на 13 март ќе биде прикажан специјален скеч за Мистер Бин. Интересен факт во врска со овој лик е тоа што во последните 25 години, откако постои, изговорил само 17 зборови.

Веста за враќањето на Аткинсон како Бин е нешто неочекувано. Серијата за Бин започнала да се прикажува во 1990 година, а за 5 години биле снимени 14 епизоди кои се гледаат и денес.

Следуваше и анимирана серија, па и филмови, чија вкупна заработка стигнала повеќе од 500 милиони долари.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура