Чез Смит е против учењето момчиња да бидат агресиви и учењето девојчиња да се „чуваат“. Смир е 20-годишен студент на Универзитетот на Пенсилванија. Тој читал за сексуалното насилство за време на студиите и сметал дека треба да направи нешто во врска со тоа како човек.
Така, тој се поврзал со „OneStudent“, непрофитна организација која се залага за зголемување на свеста за сексуално насилство на факултет, за да создаде видео за социјалното однесување, кое го гледа како причина за појавата на сексуалното насилство.
Видеото беше прикачено на интернет изминатата недела. За „Huffington post“, Смит открил дека со видеото им се обраќа на сите, особено на мажите.
„Сакам повеќе мажи да сфатат каква разлика може да направат во светот“, изјавува тој.