X
 26.02.2015 Образование

Меѓународното училиште НОВА и ЕЛТАМ потпишаа меморандум за соработка

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Меѓународното училиште НОВА и ЕЛТАМ, асоцијација на наставници по англиски јазик во Република Македонија

Понеделникот, на 23 февруари 2015 година, во просториите на  училиштето НОВА беше пригодно одбележано отпочнувањето на соработката помеѓу Меѓународното училиште НОВА и ЕЛТАМ, асоцијацијата на наставници по англиски јазик во Република Македонија. Соработката предвидува повеќе различни активности кои се во корист на наставата, информираноста и размената на искуства од областа на образованието, а ќе започне  со организирање на семинар за личен развој за наставниците по англиски јазик од основните училишта во Скопје.

 

На присутните им се обратија претседателот на ЕЛТАМ, г-ѓа Елизабета Христовска Ичева која го истакна своето големо задоволство од потишување на овој документ и можностите кои со овој меморандум се отвораат за двете институции   и директорот на Меѓународното  училиште НОВА, г-ѓа Венера Новаковска, која подвлече дека „ Со чинот на потпишување на меморандумот за соработка помеѓу двете институции се отвораат многу нови можности за размена на знаења и искуства. Нам, како училиште ни е многу значајно да имаме можност да дадеме своја поддршка во развојот на образованието во Македонија, а тоа може да го постигнеме преку организирање на заеднички конференции, работилници и вмрежување на наставниците. Ова е значаен момент за сите нас.“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование