X
 11.03.2015 Образование

Аплицирањето за "Истрага на местото на кодирањето" - Codefest 2015 започна



Codefest 2015 е доказ за организација на еден успешен, ведар, интензивен и амбициозен настан за млади иноватори и креатори од Македонија. Годинава по трет пат, настанот ќе се одржи на 18- 19 април на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Codefest е 32-часовен маратон за студенти – програмери, дизајнери, развивачи на бизниси, иноватори, креатори... кои имаат единствена можност во овие 32 часови да работат со свој тим на подготовка на демо верзија на проект, кој решава некој проблем или го олеснува живеењето на луѓето. Целта на настанот е младата иновативна заедница во Македонија да се приближи кон индустријата и да го претстави својот талент пред потенцијални вработувачи или покровители на нивните идеи.

Концептот за овој настан произлезе пред 3 години од студенти на УИНТ во Охрид, кои покренаа иницијатива за формирање на мал и неформален настан во рамките на нивниот Универзитет за време на кој 24 часови ќе работат на нивни универзитетски проекти. Како и да е, по објавувањето на настанот на Фејсбук, истиот доби национален интерес и пријавени 70 учесници од цела Македонија, во 13 тимови. Вториот настан минатата година хостираше 140 млади креативци во 22 тимови, бројка што за околу 50% укажува на растечка тенденција на настанот.



Очекувањата за Codefest 2015 се слични – одлично организиран настан, успешни идеи, 32-часовна инсомнија, и секако, забавни активности за присутните. Настанот кој долго го чекавте овој април ќе блеска во своето најдобро светло! Под мотото „Истрага на местото на кодирањето“, настанот оваа година се брендира во предизвикувачките жолта и црна боја, инспириран од Code Scene Investigation, а по аналогија на несекојдневното 32-часовно маратонско програмирање кое „го можат само нинџите“, па предупредуваат “Coding Uninterrupted”.

„Гледајќи ги учесниците како доаѓаат на Codefest со свежи и светли идеи секогаш ме тера да помислам дека „следното големо нешто“ може да се крие токму тука. Codefest прераснува во базен од креативни и надежни студенти кои ги развиваат своите вештини, идеи и тимска работа. Благодарност до сите партнери, поддржувачи и добро-мисленици!“ – вели Вилијам Асиама, еден од ко-организаторите на настанот и интернационален Мастер студент на УНИТ.



Aпликациите за овогодинешната Codefest Ninja треска се отворени. Посетете го сајтот на настанот или пак Фејсбук страницата и официјалниот Фејсбук настан и бидете меѓу првите што ќе дознаат за најновото од Codefest 2015 преку Факултети.мк. Рокот за аплицирање е 7ми Април, а се што ви треба за да аплицирате е тим од соништата и одлична идеја.

Истовремено, ги покануваме сите компании, институции и индивидуалци да помогнат во реализација на настанот како негов Спонзор или Партнер и воедно напоменуваме дека овој настан досега беше овозможен целосно преку неговите поддржувачи и донации и истиот е непрофитен, организиран „од студенти за студенти“.

Факултети.мк оваа година се претставува како официјален медиумски покровител на Codefest. Сите наши читатели ќе бидат навремено информирани за сите новости околу настанот.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование