X
 15.02.2016 Технологија

Колку ќе чини новиот Самсунг галакси S7?

Идната недела во Барселона ќе бидат претставени нови телефони од серијата „галакси“, а последните недели кружат разни гласини за тоа. Сепак, познатата интернет-страница „Џи-Ес-Ем арена“ пренесува откритија дека „С7“ и „С7 еџ“ ќе чинат 699 и 799 евра.


Понатамошниот извештај известува за останатите делови од уредот, кои вклучуваат дијагонала на екран од 5,1 инчи, главна камера од 12, а предна од 5 мегапиксели. Ќе постојат две варијанти од уредот кој ќе работат на различни процесори - Snapdragon 820 и Exynos 8890.

Освен тоа, „С7“ ќе има батерија од 3.000 милиампер часови и ќе биде отпорен на вода и прашина. Неговиот брат „С7 еџ“ ќе има дијагонала на екран долга 5,5 инчи, а батерија од 3.600 милиампер часови.

Фабрички, ќе имаат меморија од 32 гигабајти, но ќе поддржуваат мемориски картички до 200 гигабајти.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија