X
 17.03.2015 Живот

Вистини за професионалниот живот кој никој нема да ви ги каже

Дваесеттите се годините кога повеќето од нас ја имаат својата прва работа. Иако е одлично да заработувате (конечно), ваквиот живот не е таков како што го замислуваме во пораните години. Тој носи стрес, а понекогаш и разочарувања. На пример, никој нема да ви го каже ова за професионалниот живот.


1. Колку сте подобри во работата, толку повеќе работа ќе имате.

2. Никој не се грижи за вашиот личен напредок. Се' што е важно е колку ќе придонесете за фирмата.

3. Ќе дојде време кога ќе прифатите работа само поради парите.

4. Работните маси ја убиваат креативноста.

5. Многу често, ќе бидете виновни за грешки кои не сте ги направиле.

6. Ќе имате десетина повеќе задачи отколку оние за кои бевте примени на почетокот.

7. Ќе верувате дека ви треба компанијата, наместо дека вие и' требате на компанијата, а тоа не е секогаш точно.

8. Состаноците се губење време. Повеќето луѓе не слушаат.

9. Доколку сте мрзеливи, ќе ве исмева надредениот. Ако сте активни, ќе ве мразат колегите.

10. Вашите потреби како вработен ќе бидат комплетно игнорирани понекогаш.

11. Ќе работите со луѓе кои не се инспирирани за работа и не знаат како да работат.

12. Луѓето околу вас ќе ве депримираат со својот цинизам само затоа што ви љубоморат.

13. Никој нема да го цени вашиот дополнителен труд.

14. За што и да се пријавувате волонтерски оттогаш станува ваша одговорност.

15. Ќе има времиња кога луѓе кои воопшто не работат ќе бидат фалени.

Па, среќно! Студирајте што подолго доколку не' прашувате нас!

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот