X
 22.12.2018 Култура

Научно-фантастични серии совршени за гледање во текот на празниците

Ви донесуваме избор на научно-фантастични серии што веројатно сте ги пропуштиле, а се идеални за гледање во текот на зимските празници.

1. „Counterpart“




Ако сте фан на Џ.К.Симонс, оваа научно-фантастична шпионска серија би можела да ве воодушеви. Нејзиното дејствие е сместено во паралелна вселена, а раскажува за шпиони кои се обидуваат да пронајдат премин во друга димензија - дистописко место каде единствено можете да си верувате себеси, односно на вашиот двојник.

2. „Colony“




Ѕвездата на „Изгубени“, Џош Холовеј и Сара Вејн од „Живи мртовци“ глумат во оваа футуристичка драма чие дејствие се случува во свет нападнат и освоен од вонземјани. Приказната се одвива во окупираниот САД каде човечкиот вид живее под милитаристички режим предводен од луѓе кои им служат на горе споменатите окупатори.

3. „Dark“




Германска научно-фантастична драма, за која многу луѓе сметаат дека е инспирирана по „Почудни нешта“, но кога ќе започнете да ја гледате, ќе сфатите дека мистеријата навлегува многу подлабоко отколку што сте очекувале. Дефинитивно за гледање во еден здив.

4. „Philip K. Dick's Electric Dreams“




„Electric Dreams“ е антологиска серија базирана на кратките приказни на создавачот на „Истребувач“, Филип К. Дик. Додека конкурентниот „Црно огледало“ предупредува на бројни теми поврзани со опасностите на технологијата, оваа серија се занимава со тоталитаризмот и вештачката интелигенција.

5. „Into The Badlands“



Мистична пост-апокалиптична приказна доаѓа од творецот на „Живи мртвоци“. Сместена во дистописки САД со кој владеат пост-апокалиптични баруни, станува збор за насилна серија со многу акција и врвни сцени и костимографија.

6. „Sense8“

Творецот на „Матрикс“ трилогијата, Вачовски, создаде сложена научно-фантастична серија за група на осум странци кои се телепатски поврзани. Очекувајте доста емотивни сцени, сложена митологија и горе-долу сето она што би го очекувале од творец на еден од најпопуларните научно-фантастични серијали на почетокот на 2000 година.

7. „Кilljoys“




Ако спаѓате меѓу носталгичарите на кои и ден денес им недостасува научно-фантастичниот вестерн „Firefly“, тогаш вреди да ја погледнете оваа серија. Станува збор за серија што следи три ловци на уцени во планетарниот систем наречен Куад. Покрај класичните сцени полни со акција, серијата изобилува и со мелодрама и критики на модерното општество и односот кон планетата Земја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура