X
 25.04.2015 Култура

"Fast and furious 8" потврден за 2017

Не се сомневавме дека ќе има продолжение, но сега е и потврдено. „Universal pictures“ ќе снима осми дел од франшизата „Брзи и бесни“ (оригинален наслов „Fast and furious“. Во кината може да го очекуваме во 2017 година.


Оваа потврда доаѓа директно од Вин Дизел, кој ја кажа новоста за време на „Cinema Con“. Тој им се заблагодари на повеќе од 4.000 сопственици на кино сали кои беа присутни на настанот за нивната поддршка и им кажа точно кога да може да го очекуваат следното продолжение.

„Осмиот дел ќе биде ваш за да го споделите со светот на 14 април во 2017“, изјави тој.

Официјалниот наслов не беше откриен, што дефинитивно ќе претставува предизвик за авторите. Дизел потсети на изминатата конференција „Cinema Con“ пред две години кога на неа присуствувал и „неговиот брат Пабло“ (неговиот прекар за Пол Вокер), кога ги известиле сите за седмиот дел од филмот.


„Има нешто што го направивте сите. За мене, лично, ми дадовте многу самодоверба. Тука има толку многу љубов. Направивте да се чувствувам дека може да станам дел од историјата со седмиот дел. Бевте толку логални. Гордоста ја чувствуваме ние, луѓето кои го направивме филмови, студиото кое го нарекувам дом, мое семејство“, кажа Дизел.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура