X
 20.04.2015 Образование

Средношколците ќе маршираат по третпат



На 23.04.2015 год. ве повикуваме заедно, сложно да кажеме НЕ на реформите коишто од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение!

Ова е апел до граѓаните. Апел до учениците, родителите, наставниците и студентите. Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто стои зад своите барања.

Оваа наша сплотеност може да укаже на 3 работи, дека не може нашето знаење да се покаже преку тест со 30 прашања, дека не го подобрувате образовниот процес со бинго- тестови на среќа и дека не дозволуваме да си играте со нашата иднина!

Доста беше молк, и доста беа реформи за кои се знаеше само зад затворени врати, без никаква шанса за отстапка и приговор. Време е ученикот да може да учествува во донесувањето одлуки за неговото секојдневие и иднина.

Собирно место: Фонтана- Парк

Време: 12:00-12:45

Тек: Од фонтана движиме кон Влада на Р.М. и потоа маршираме заедно до МОН. Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски.

Затоа ве молиме да се држите до кодекскот на однесување: Забрането е:

1. Истакнување на партиски, религиозни и етнички симболи

2. Секаков вид на вандализам

• Палење на учебници и сл.
• Уништување на јавен имот

3. Пропагирање на вертикална структура

4. Насилство и говор на омраза

5. Користење на алкохол и опојни дроги

6. Оружје.

СЕГА ПОМАСОВНИ ОД БИЛО КОГА, СЕГА ПОСИЛНИ ОД БИЛО КОГА, НИЕ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ МАРШИРАМЕ ЗАЕДНО СО ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ !!!

Срамете се од себе господа. Бојкот на настава, маршеви и протести... зарем сте толку слепи?

Ние, можеме! Ние го имаме нашето „ЈАС“. И можеме гласно да кажеме, „СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“! Протестирам, значи постојам. Приклучи се! СЕ ДОДЕКА НЕМА ПРАВДА, НЕМА ДА ИМА МИР!

#ПоздравПленумци

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование