X
 05.03.2015 Образование

ИАЕСТЕ - Надворешен конкурс за платени стручни пракси ширум светот

Дали сте редовен студент на некој од техничките факултети при државните универзитети ширум државата ?

Ако одговорот е да, тогаш ИАЕСТЕ Македонија Ве поканува да учествувате во Надворешниот конкурс за платени стручни пракси ширум светот.

 

Што е ИАЕСТЕ Македонија ?

ИАЕСТЕ е меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која како таква во рамките на независна Македонија опстојува уште од 1992-та година. Денес, развиена во веќе четири активни локални комитети во Скопје, Охрид, Битола и Штип, секоја година овозможува на преку 80 студенти од Македонија да заминат на платена стручна пракса во странство. Пракса, која освен потребното работно искуство, носи многу забава, стекнување бесценети и вредни пријателства и запознавање на нови и интересни култури и обичаи.

Што е Надворешен конкурс ?


Надворешниот конкурс кој ќе трае од денес, па се до 13.03.2015 е конкурс на кој може да аплицираат сите студенти на техничките факултети и да добијат шанса да извршуваат платена практика во фирми и универзитети ширум светот.

Како да аплицирам на Надворешниот конкурс ?

Сите потребни информации за аплицирање на овој конкурс можете да ги најдете тука. Во врска со било какви дополнителни детали, слободно контактирајте нѐ на macedonia@iaeste.org или outgoing.iaestemkd@gmail.com, најдете нѐ на официјалната Facebook страна или посетете нѐ директно во канцеларијата на ИАЕСТЕ – Барака 5 во дворот на МФС/ФЕИТ втората врата лево, секој ден од 12 до 14 часот.

Ве поздравува ИАЕСТЕ Македонија и на сите идни практиканти Ви посакува среќен пат и среќно изведена пракса!
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование