X
 01.05.2015 Живот

Најмладата милијардерка во светот може да е следниот Стив Џобс

holms 

 

Елизабет Холмс е основач на „Theranos technology“ и можеби најмладата милијардерка во светот. Нејзината компанија на поединците им овозможува примероци од крв на многу полесен, побрз, поевтин и подобар начин.


Уште додека била на колеџ, Елизабет одлучила да се откаже, и да се насочи кон менување на светот. Во 2014 година „Theranos“ заработи 400 милиони долари, а на компанијата и` беше проценета вредност од 9 милијарди долари. Како сопственик на 50% од компанијата, Холмс стана најмладата милијардерка во светот во 2014 година.

Станува збор за револуционерна компанија која се заканува дека ќе го промени здравството на ист начин на кој „Amazon“ ја промени продажбата на мало и „Intel“ и „Microsoft“ го променија светот на интернетот.

„Целта е да се поттикне поединецот. Силно веруваме дека иднината на здравството му овозможува на поединецот да има информации кои му се потребни за неговото здравје“, вели Холмс.

Наместо големите игли, оваа компанија користи малечко цевче со големина на едно апче за да земе крв и тоа преку едноставен убод во прстот.

„Theranos“ во иднина ќе овозможува информациите од анализата на крв да бидат поевтини и да обезбедат дополнителна транспарентност преку информации во врска со цените, така што пациентите ќе знаат колку е една услуга пред да ја купат.  Исто така, компанијата ќе ги охрабрува пациентите да направат повеќе тестирања.

„Вклучувајќи ме и мене, јас сум апсолутно преплашена оди игли“, вели таа. Исто така, таа објаснува дека ова може да биде неверојатно корисно за пациентите кои боледуваат од рак кои често треба да даваат крв за тестирање, а неверојатно подобрување забележавме кај децата со аутизам, со оглед на тоа што кога нив им се зема крв, треба да се врзани за столче“, додава таа.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот