X
 10.06.2015 Наука

Пронајдено стакло на Марс може да претставува знак на живот

Се чини дека Марс има сè: аурора, вода, а сега и стакло.


Во едно истражување неодамна објавено во „Геологија“ истражувачите откриваат дека орбитерот на НАСА открил депозити од стакло во кратерите на површината на Марс.

Ова се први стаклени депозити најдени на Марс и може да ни помогнат да разбереме дали некогаш имало живот на оваа планета. Стаклото на Марс било создадено по удар на метеорит на површината кој стопил дел од карпите, кои откако се изладиле се претвориле во стакло.

На Земјата било пронајдено стакло формирано на истиот начин кое содржело мали количини органски материјал од времето кога метеоритот ја удрил планетата. Научниците се надеваат дека доколку животот навистина некогаш постоел на Марс, стаклото може да ги крие трагите од него.

Се смета дека постои вистинска можност НАСА барем да ја тестира оваа теорија. Една од локациите кои ќе бидат посетени од следниот ровер кој ќе биде испратен на Марс ќе биде депозитот на стакло.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука