Американската вселенска агенција НАСА ќе ја има својата програма НАСА+ на стриминг услугата на „Нетфликс“ почнувајќи од ова лето.
Оваа програма ќе биде резервирана за настани во живо и ќе ја користи НАСА за емитување на лансирања на ракети, вселенски прошетки, емитувања на мисии и неверојатни погледи во живо на Земјата, од Меѓународната вселенска станица. НАСА+ исто така емитува оригинални документарци, но тоа се чини дека не е дел од овој договор.
-Националниот закон за аеронаутика и вселена од 1958 година нè повикува да ја споделиме нашата приказна за истражување на вселената со што е можно поширока публика - изјавила Ребека Симонс, генерален менаџер на програмата НАСА+.
Таа додала дека агенцијата е посветена на инспирирање на новите генерации додека се во удобноста на својот дом, т.е. преку мобилниот телефон во рака.
НАСА+ не е ексклузивна за американската публика, туку ќе биде достапна за претплатниците на „Нетфликс“ низ целиот свет. Ова треба значително да го прошири досегот на агенцијата, бидејќи „Нетфликс“ има повеќе од 300 милиони претплатници.
Сепак, НАСА+ не оди никаде. Програмата е сè уште достапна преку апликацијата на НАСА и официјалната веб-страница. Бесплатната услуга го замени постоечкиот кабелски канал.
Извор: klix.ba
Фото: YouTube screenshot