X
 30.06.2015 Технологија

Колку плата добиваат практикантите во "Apple" и "Facebook"?

Во „Apple“ се исплати да се биде дури и обичен практикант. Нивните плати се многу повисоки од најголемата плата во земјава.


Business insider“ известува дека практикантите во компанијата „Apple“ може да имаат плати до 7.000 долари месечно, односно 80.000 долари годишно. Иако тоа е максимумот, просечната плата на практикантите за половина работно време изнесува 2.500 долари месечно, што би било 5.000 долари месечно за целосно работно време.

Во што е трикот?

Целосен молк. Доколку кандидатите поминат низ интервјуто и добијат понуда за практикантска работа, компанијата од нив бара да останат неми за она што ќе го видат, слушнат или на што ќе работат.

Но, дури и да не бидат примени во „Apple“, кандидатите може да се пријават за пракса во некоја од другите гигантски компании како „Facebook“ и „Linkedin“, кадешто просечната практикантска плата изнесува 6.200 долари месечно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија