X
 24.07.2015 Наука

Научни одговори на најинтересните прашања

Постојат прашања за кои секојдневно се дебатира. За некои никогаш нема да пронајдеме одговор, но за следниве веќе го имаме.


Зошто киваме од силно светло?

За ова е „виновна“ комуникацијата на мозокот со нервите, а за тоа се задолжени нервите кои се наоѓаат на лицето. Доколку мозочните нерви кои излегуваат од мозокот погрешно им дадат сигнал на мозокот дека е надразнет носот, а не очите од светлото доаѓа до кивање.

Како доаѓа до грчеви во мускулите?

Доколку подолго време поминеме во положба која не му одговара на телото доаѓа до прекинување на циркулацијата, односно крвта не тече онака како што би требало. Токму тоа е причината за појава на грчевите. Мозокот добива информација дека до некој нерв не доаѓа доволно крв и го зголемува притисокот на тоа место, што предизвикува чувство на грчење.

Зошто мажите се повлакнести од жените?

Жените и мажите имаат речиси ист број фоликули, односно места откаде растат влакна. Разликата е во тоа што влакната кај мажите се поцврсти, потемни, па со тоа и позабележителни.

Дали мускулите имаат органичен раст?

Мускулите се контролирани од протеин наречен миостатин. Од него зависи и големината на мускулите, но тоа е индивидуално бидејќи величината на мускулот е различна во зависност од тоа колку протеин има во телото.

Зошто нè боли главата од сладолед?

Болката најчесто трае околу 20 секунди. Ова се случува кога нешто многу студено го допира горното непце во главата. Главоболката е нормална реакција на телото на ниска температура.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука