X
 22.08.2025 Наука

Редок астрономски феномен: Овој викенд ноќното небото ќе го осветли „црна Месечина“

Оваа сабота на небото ќе се појави редок астрономски феномен познат како „црна Месечина“, кој се случува само на секои две до три години.

Иако нема да биде драматична како затемнувањето, оваа појава предизвикува големо внимание, како кај љубителите на астрономијата, така и кај оние кои сакаат апокалиптични теории.

Што претставува „Црната месечина“?


За разлика од полната месечина кој го осветлува ноќното небо, „црната месечина“ се јавува кога Месечината е во фаза на млада месечина и се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето. Тоа значи дека нејзината осветлена страна е свртена кон Сонцето, додека ние ја гледаме како целосно темна. Терминот „црна Месечина“ не е научен, туку популарен израз за втора млада месечина во истиот календарски месец. Ако првата се појави на почетокот на месецот, можно е до крајот на месецот да се појави уште една, што го означува овој феномен.

Кога и каде ќе биде видлива?


Феноменот ќе достигне врв денес точно на полноќ по источниот временски појас, додека фазата на млада Месечина на западната хемисфера ќе се случи следниот ден, сабота, 23 август во 23:06 по пацифичкото време.

Иако самата Месечина нема да биде видлива, оваа темнина носи една голема предност - ноќното небо ќе биде исклучително темно, што значи дека ѕвездите и планетите ќе светат посилно од вообичаено. За сите љубители на вселената, ова ќе биде совршена прилика за набљудување на небото.

„Црната Месечина“ често се поврзува со библиски пророштва и апокалиптични предвидувања, но научниците објаснуваат дека станува збор за природен и безопсаен феномен.

Астрономите нагласуваат дека нема причина за загриженост. Волтер Фриман, професор по физика на Универзитетот во Сиракуза, објаснува дека се работи за сосема природен феномен.

- „Црната Месечина“ е втората млада Месечина која се јавува во истиот календарски месец. Од научен аспект, таа не се разликува од која било друга млада Месечина - вели тој и додава дека отсуството на светлина од Месечината создава идеални услови за набљудување на вселената.

Овој феномен се јавува приближно на секои 33 месеци. По овој викенд, следната „црна Месечина“ се очекува на 20 август 2028 година.

Извор: bizlife.rs
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука