X
 20.08.2015 Технологија

Википедија како алатка за саботажа во политиката

„Википедија“ ја користиме како извор на информации, проверувач на факти и место за учење, но експертите одамна се прашуваат дали информациите кои се поставуваат на страницата се точни. Ново истражување покажува дека можеби се лажеме во врска со проценката на фактите кои ги читаме таму.


Истражувањето покажува дека дел од вестите кои се објавуваат таму биле искористени за саботажа од трета страна или се измислени. Во рамките на истражувањето биле анализирани страници во повеќе области.

Научниците ги анализирале измените во текстовите во последните години и откриле дека политичките теми се најчесто подложни на промени за разлика од останатите. Згора на тоа, овие текстови се едни од најчитаните од страна на корисниците.


Научниците заклучуваат дека потребна е проверка на сите факти кои се објавуваат овде со оглед на тоа што многумина го користат овој извор без да ги проверат фактите.

Џин Лајкенс и Адам Вилсон од институтот кој работел на истражувањето велат дека научниците би требале да ја игнорираат „Википедија“ како извор или да ги проверуваат изворите на крајот на текстовите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија